Навивачи

Навивање во Тетово постои уште кога ФК Тетекс играше во втората Југословенска лига, меѓутоа немаше никакво организирано навивање. На 28.10.1988 официјално е формиран навивачкиот клуб Војводи на натпреварот со Балкан Стококомерц. Прво гостување на Војводи е во Лесковац (сегашна Србија). Што се однесува до нашата лига, имаме одено во Скопје, Гостивар, Велес, Кавадарци, Пробиштип, Битола…, а надвор од Македонија во СФР Југославија, Хрватска, Словачка… Во Македонија имаме појдено во сите градови додека Тетекс играше во втората ЈУ-лига. Како посебно гостување би го издвоиле гостувањето во Кавадарци каде отидовме со 3 автобуси и имаше и неколку тепачки како со Кавадарчани така и со полицијата, која претходно имала добиено наредба да се справи со нас.
Навивачкиот клуб Војводи има свое Претседателство, односно Управен одбор, Статус и членска карта. Што се однесува до нашето членство со членска карта има околу 300 членови, а на дерби натпреварите се собираме и до 1000 навивачи. Не можеме да се пофалиме со поголема бројност, бидејќи Македонците во Тетово се во помал број и тој број во последно време се повеќе се намалува за жал.
Нашиот стил на навивање е некоја мешавина на англиско-италијанскиот стил на навивање. Во почеток прво се одеше повеќе на звучност, а сега се пали и многу пиротехника. Од пиротехника најмногу користиме факели, чадни кутии, фонтани… Најмногу факели запаливме против градскиот ривал Шкендија околу 80, а чадни кутии против Шкендија и Новаци по 120.
Имаме изработено неколку вида на маици, транспаренти, налепници и останат навивачки материјал. Целиот материјал го изработуваме сами без никаква подршка. Наше најдолго изработено знаме: Со верба во вог, Војводи до гроб… кое е долго околу 45 метри.
Општо во Тетово владее негативно мислење за нас, дека сме хулигани поради изминатите нереди, меѓунационални конфликти и поради тоа имаме мала подршка од структурите на градот.
Кога се работи за репрезентацијата на Македонија секогаш им стоиме на располагање и редовно одиме на натпреварите кога таа игра. Како докаж за тоа се гостувањата во Југославија, Хрватска, Словачка.
Во добри односи сме со скоро сите Македонски навивачки групи, но сепак ривалството си постои.
Во најдобри односи сме со Комити-Скопје-Запад-1987 со кој во 2009 година се збративме на натпреварот во Скопје помеѓу Вардар и Тетекс.