Историја

ФК Тетекс е фудбалски клуб од Тетово, оформен во 1953 година под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс е комбинатот Тетекс, па затоа се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919 година), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на ФК Љуботен претежно беше составен од фудбалери со потекло од Тетово, додека составот на ФК Тетекс бил составен од фудбалери од Македонија и од просторите од СФР Југославија. Тетекс моментално игра во Првата Македонска лига, со амбиции да прерасне во стабилен прволигаш кој во иднина ќе игра и во европските купови. Од септември 2008 година ФК Тетекс се со ново раководство откако веше откупен од УФА Медиа Група од Германија, предводена од Слободан Вујиќ – Брацо. Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за прв пат стана шампион на Купот на Македонија. Во 2013 година Тетекс повторно го освои купот, победувајќи го градскиот ривал Шкендија во Скопје на пенали. Тетекс натпреварите во 2013 и дел во 2014 година своите натпревари ги играше на стадионот Ѓорче Петров во Скопје, но Тетекс се врати на градскиот стадион во Тетово (капацитет 15.000). Најголемо дерби во Македонија каде што се преполни трибините е во Тетово, помеѓу Тетекс и Шкендија. Од 2015 година Тетекс има нов спонзор. Тетекс стана вториот македонски тим по скопски Вардар со руски капитал.