Нашиот тим одигра многу очајен натпревар и загуби против директниот конкурент ФК Дрита со 1-0, иако имавме одлична прилика уште во третата минута од натпреварот преку белата точка да го отвориме резултат во наша корист, Енис Дервиши неуспеа да погоди. Потоа следеа неколку закани по нашиот гол од домаќинот кој во 27.мин преку Емир Алији успеа да ја затресе мрежата на голманот Петар Митев кој апсолутно не можеше да го одбрани тој удар бидејќи поради лошиот терен топката наенаш скокна. Тетекс со победа денеска можеше и официјално да си го обезбеди опстанок оваа сезона, но шансите да избориме сеуште се во наша корист, бидејќи ние сме пред Дрита со +4 бодови, има уште два кола до крајот, следната сабота Дрита гостува во Кичево кај тимот на Велезерими и доколку биде конечниот резултат нерешен или во корист на домаќинот, Дрита нема веќе шанси со самото Тетекс си обезбедува опстанок во лигата. Нашиот тим паузира следната сабота и веќе наредното коло госутува во Дебар кај тимот на Кораб.

сподели ја статијата!

април 25, 2021