Значајна победа забележа тимот на Тетекс на гостувањето во Кичево против Велазерими со минимален резултат 1-0, благодарение на голот на Мирослав Јованоски. Втора победа по ред за нашите херои во борбата за опстанок во ВМФЛ – Запад. Нашата гордост моментално се наоѓа на 7-то место на табелата со вкупно 24 бода исто како ФК Кадино кој е зад нас на 8-то место. Во наредното 24 коло нашиот тим гостува во Боговиње кај екипата на ФК Дрита, ние сме во многу подобра позиција од противникот бидејќи Дрита поседува само 17 бода, а според нашата математика на Тетекс му е доволно бод, со победа речиси Тетекс и официјално ќе обезбеди опстанок.

сподели ја статијата!

април 19, 2021