ФК Тетекс загуби од ФК Скопје со резултат 2-1 на гостувањето од 21.коло во ВМФЛ Запад. Домаќините први дојдоа и го отворија резултат во 17-тата минута со голот на Христијан Кировски. Во вториот дел нашиот тим доста подобар од првиот дел, но во 67-тата минута по една тотална грешка на Марјан Билбилоски кој му ја подари топката на противникот и шут од 20-тина метри успеа Кировски повторно да се запише во листата на стрелци. Тетекс немаше што да изгуби и по примениот гол една минута подоцна по една долга нафрлена топка во шеснаесникот се најде Лазар Пеев кој пола одбрана ја издрибла и со прекрасен шут даде феноменален гол за конечни 2-1 во корист на Скопје. Мора да напоменеме дека во нашиот табор фалеа доста фудбалери, а најверојатно ќе бидеме комплетни веќе следната сабота за можеби најбитниот меч оваа сезона, нашиот Тетекс ќе се бори на домашен терен за седмото место на табелата со тимот на ФК Кадино.

сподели ја статијата!

април 4, 2021