Утре нашиот сакан фудбалски клуб Тетекс од 15 часот на СРЦ ,,Железарница“ во Скопје го започнува дуелот од 21-тото коло против ФК Скопје кој е на добар пат во ПМФЛ. ФК Скопје е голем фаворит на хартија, но ние нема лесно да се предадеме, сите фудбалери се максимално мотивирани. Како и на секој натпревар, бараме од секој наш фудбалер да се бори до крај за боите на клубот за Тетово и Војводи!!! Пред репрезентативната пауза од скоро две недели, последниот натпревар на домашен терен Тетекс успеа да ја победи ФК Велешта со 2-1. Да напоменеме дека во редовите на Скопје се наоѓаат неколкмина порашени фудбалери на Тетекс: Дино Најдоски, Антонио Ивановиќ, Дарио Десниќ, Иво Јанакиевски, Дарко Ѓурчиновски и Мартин Блажевски. За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Кирил Смоквоски а ќе му помагаат сограѓаните Марјан Смилкоски и Зоран Костоски од Прилеп, и четврти судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски од Битола. За делегат на натпреварот е одреден Милан Василев од Струмица, а контролор на судењето ќе биде Миле Стојчевски од Скопје. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

сподели ја статијата!

април 2, 2021