Тимот на ФК Тетекс конечно дојде до првата посакувана победа во вториот дел од првенството и тоа славеше против големиот фаворит во овој дуел, тимот на Велешта со резултат 2-1. Условите на Градскиот стадион во Тетово не беа сјајни, снегот не престана да паѓа, но одлуката на делегатот Николче Ивановски да нема одложување како на останатите средби. Покрај тоа што се наоѓаме на 8-то место на табелата, сино-белите одиграа крајно мотивирани, повеќе ја посакуваа победата и заслужија да дојдат до неа. Резултатот го отвори Хусеин Демири во 15-тата минута, по една долга нафрлена топка во шеснаесникот на противникот, на Демири не му беше тешко да ја смести топката во гол. Во самиот финиш поточно во 80-тата минута нашиот тим успеа да ја удвои својата предност од белата точка, а во листата на стрелци пак се запиша Демири.

Почетен состав на Тетекс

1
Митев
3
Стојановски
15
Ангеловски
16
Јордановски
17
Пановски
24
Митревски
23
Пеев
44
Јованоски
18
Ајдини
19
Демири
7
Иванов

Потоа гостите притиснаа и за само четири минута го намалија резултатот на 2-1 кој беше и конечен. Сега следува репрезентативна пауза од скоро две недели, а следниот противник ние ФК Скопје на 3-ти април со почеток во 15 часот.

сподели ја статијата!

март 22, 2021