Во недела нашиот омилен фудбалски клуб Тетекс од 15 часот на Градскиот стадион во Тетово го започнува дуелот од 20-тото коло против второпласираниот тим од Струга, ФК Велешта. Последен пат овие две екипи се сретнаа минатата година кога Тетекс на домашен терен беше поразен со 2-3. Во секој случај според играчкиот квалитет и искуството сме рамноправен противник. Но за да дојде нашиот тим до посакуваната цел и освојување на трите бода, треба да проработи на реализацијата, бидејќи во претходните три меча со ФК Кадино, ГФК Охрид и ФК Гостивар немаме постигнато гол. За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Димитар Пилешков а ќе му помагаат сограѓаните Ристо Ѓорѓиев и Зоран Саздовски од Штип, и четврти судија ќе биде Никола Русевски од Скопје. За делегат на натпреварот е одреден Николче Ивановски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Миле Спироски од Охрид. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт. Нашите фудбалери ја имаат нашата подршка од натпревар во натпревар, нема да ги оставиме!!! Тука сме ние секогаш и во добро и во лошо!!! Бараме од секој наш фудбалер да се бори до крај за боите на клубот за Тетово и Војводи!!!

сподели ја статијата!

март 19, 2021