Во рамките од 19-тото коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад, утре во 15 часот нашиот Тетекс гостува на Градскиот стадион во Гостивар, и ќе ги одмери силите со екипата на ФК Гостивар. Нашиот тим го очекува овој утрешен натпревар после два нерешени натпревара против ФК Кадино и ФК Охрид кој завршија без голови 0-0. Последен пат овие два тима играа минатата година 2020 поточно месец ноември, кога на гостински терен изгубивме со 3-0. Интересно е тоа што фудбалскиот тим Гостивар се наоѓа на третото место, а од друга страна нашиот тим кој се наоѓа моментално на осмата позиција. После несреќниот бод со Охрид во првенството на домашен терен, овој натпревар ќе биде од големо значење за нашиот клуб бидејќи со позитивен резултат ќе се врати самодовербата во тимот на највисоко ниво. Во тимот владее одлична атмосфера и најавуваат дека утре ќе го “вложат” својот максимум и дека со бодови ќе се вратат од Гостивар, така што очекуваме вистинска борба и достојно бранење на клубските бои како и на секој натпревар. За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Сашко Ристов, а ќе му помагаат сограѓаните Стојан Костадинов и Љубе Шопов, и четврти судија ќе биде Марјан Гоцевски сите од Струмица. За делегат на натпреварот е одреден Јовче Попоски од Охрид, а контролор на судењето ќе биде Сафет Адеми од Скопје. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

сподели ја статијата!

март 12, 2021