ФК Тетекс одигра само 0-0 со ГФК Охрид. Велиме само 0-0, бидејќи ,,сино-белите” имаа многу шанси да ги освојат трите бода во борба за опстанок во ВМФЛ – Запад. За одблежување беше шансата кон средината на првиот дел поточно во 35-тата минута од натпреварот, кога Димитар Иванов постигна регуларен гол, но линискиот судија го крена знамето, по што главниот судија Ндерим Тефику го поништи голот во корист на гостите. Во вториот дел Тетекс тргна поофанзивно, додека пак противникот преку контра или грешка си ја бараше шансата за гол. Како спорна ја наведуваме и ситуацијата во 50-тата минута од натпреварот кога во шеснаесникот беше срушен нашиот напаѓач Хусеин Демири, наместо да покаже главниот судија на белата точка, тој го продолжи натпреварот. Тетекс продолжи да создава шанси и во 65-тата минута по грешка на голманот на Охрид преку лоб Димитар Иванов можеше да постигне еврогол, но топката заврши покрај голот. Нашиот тим и при крајот имаше неколку убави шанси, но топката никако несакаше да влезе во противничкиот гол.

Почетен состав на Тетекс

1
Митев
15
Ангеловски
16
Јордановски
14
Здравкоски
17
Пановски
11
Дервиши
24
Митревски
18
Ајдини
21
Шопоски
19
Демири
7
Иванов

Следната недела односно следниот натпревар гостуваме кај ФК Гостивар.

сподели ја статијата!

март 8, 2021