Нов натпревар и нов предизвик за екипата на ФК Тетекс. После првиот пролетен првенствен натпревар на гостување кај ФК Кадино без голови 0-0, следува дуел против амбициозниот клуб на ГФК Охрид кој се наоѓа на третото место на табелата. Овој натпревар наместо на Градски стадион ќе се одигра на фудбалското игралиште на Агенцијата за млади и спорт во Тетово со почеток во 14 часот. Да напоменеме дека во редовите на Охрид настапуваат двајца поранешни фудбалери на Тетекс, Шериф Реџепи и Бурхан Алији. Воопшто нема да биде лесно, затоа момци бидете максимално сконцентрирани и спремни за утрешниот натпревар, дајте се од себе и освоијте ги трите бода. За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Ндерим Тефику од Куманово, а ќе му помагаат Мартин Петковски исто од Куманово и Влатко Ѓошевски од Скопје, и четврти судија ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје. За делегат на натпреварот е одреден Боби Стевковски од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Васил Клочовски од Битола.

сподели ја статијата!

март 5, 2021