Новиот тим на ФК Тетекс со еден освоен бод го стартуваше пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ – Запад. Дербито на колото со екипата на ФК Кадино кое се одигра во Скопје населба Илинден заврши со нерешен резултат поточно без голови 0-0.

Почетен состав на Тетекс

1
Митев
15
Ангеловски
16
Јордановски
14
Здравкоски
17
Пановски
3
Стојановски
24
Митревски
18
Ајдини
21
Шопоски
19
Демири
7
Иванов

Главна цел на Тетекс до крајот на сезоната ќе биде да обезбеди опстанок и подобар пласман во лигата. Можеби во прилог но оди и резултатите од останатите натпревари, бидејќи Дрита беше поразена од веќе познатиот прволигаш ФК Скопје со 2-1, од друга страна пак на Градскиот стадион во Гостивар не се одигра натпреварот помеѓу ФК Вардари и ФК Гостивар. Според нашите информации тимот од Форино веќе се откажал од натпреварувањето и најверојатно ќе биде дисквалифициран од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Нашиот тим се наоѓа мометално на осмото место со вкупно 14 бода односно два бода испред ни бега директниот конкурент Кадино кој е на седмата позиција со 16 бода. За една недела следува нов натпревар овој пат на домашен терен во Тетово, ни гостува екипата на ГФК Охрид.

сподели ја статијата!

март 1, 2021