Пред нас е почетокот на пролетниот дел од Втората МФЛ Запад 2020/21. Моментално сме 8-ми на табелата со 13 бода. Секој натпревар и секој бод ќе бидат важни за нашиот Тетекс во борбата за опстанок и на крај подобар пласман на табелата. Тетекс има доста засилувања во овој зимски преоден рок, и со задоволство можеме да ви ги преставиме новите засилување кој се надеваме дека ќе ги бранат боите и гордоста на клубот како и останатите фудбалери најдобро што можат.

Одбраната ја засиливме со тројца фудбалери: Силвио Ангеловски од ГФК Осогово, Христијан Стојановски од ФК Саса и Божидар Митревски кој дојде на позајмница од ФК Силекс и воедно е репрезентативец и капитен на репрезентацијата на Македонија до 19 години. Сашо Шопоски го зазема местото офанзивен играч за врска, тој ни доаѓа од ФК Брегалница Штип, во својата кариера има настапувано и за прволигашот ФК Пелистер. Потоа следен на листата е Ринор Ајдини, кој ни доаѓа од тимот на ФК Кадино. Донарт Бајрами дојде од ФК Вардари. Старо ново име во редовите на Тетекс е Димитар Иванов кој пристигна од ГФК Осогово и последното засилување во зимскиот преоден рок е центарфорот Хусеин Демири, кој потекнува од школата на ФК Работнички, има настапувано во неколку македонски тимови како Шкупи, Македонија Ѓ.П и Велазерими, а од интернацонално искуство има настапувано за фински Kemi City FC и косовските тимови KF Ferizaj, KF Dukagjini и последен клуб FC A&N.

Тетекс нема да може да смета на неколку играчи што оваа есен го носеја дресот на Тетекс и официјално се заминати од клубот, а тоа се Марко Стојчески (ФК Телеоптик, Србија), Мирко Симјановски (ФК Победа), Кристијан Ристовски и Никола Димовски (ФК Кадино), Роберт Димитриевски и Марио Мицевски (ФК Љуботен), Филип Јовановски и Синиша Јовановски (непознато), Кристијан Јовановски (ФК Маџари), Христијан Вецески крај на позајмница (ФК Работнички), Валон Зеќири (ФК Дрита), Љавдрим Скендери (ФК Гостивар), Иљаз Чилафи (ФК Беса). На сите воедно им се заблагодаруваме, им посакуваме се најдобро во нивната понатамошна кариера.

Утре нашиот омилен фудбалски клуб Тетекс од 14 часот на фудбалското игралиште во Илинден го започнува дуелот од 17-тото коло против екипата на ФК Кадино. Слободно може да се каже дека ова ќе биде дерби на колото, кое што сигурно ќе биде неизвесно. Со сите сили кој ќе бидат на располагање на шефот Славчо Георгиевски – Тупан ќе одиме на трите бода и уште на стартот да бидат потврдени амбициите и единствената цел, избор опстанок во лигата. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

сподели ја статијата!

февруари 26, 2021