На една седмица пред стартот на вториот дел од првенството во Втората фудбалска лига – Запад, фудбалерите на ФК Тетекс го одиграа последниот пријателски натпревар. Противник ни беше екипата од Исток „Кит Го“ која не пречека на домашен терен и успеа да не победи со 4-2. Стрелци за нашиот тим беа Хусеин Демири во првиот дел од натпреварот и пред крај на натпреварот Марјан Билбилоски да намали од белата точка.

Почетен состав на Тетекс

1
Митев
3
Стојановски
14
Здравкоски
5
Јордановски
6
Николовски
17
Пановски
10
Салији
24
Митревски
18
Ајдини
19
Демири
7
Иванов

Тетекс веќе следна сабота го отвора пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ со гостување кај ФК Кадино во населба Илинден. Подготовките се зад стручниот штаб и фудбалерите, целите се зацртани, Тетекс сака да избори опстанок и подобар пласман на табелата.

сподели ја статијата!

февруари 20, 2021