Фудбалскиот клуб ,,Тетекс“ денеска одбележа 68 години од своето формирање со пригодни активности и ревијален натпревар против Брегалница од Штип кој го добивме со 4-0. Стрелци на головите беа Димитар Иванов, Мирослав Јованоски (од пенал) и два пати во листата се запиша Бојан Михајловски. Натпреварот беше запрен во 4-тата минута во чест на Бошко Блажевски кој во минатото бројот 4 на грбот го носел, а фудбалерот, Мирослав Јованоски кој го носеше дресот заедно со шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски го предадоа на семејството Блажевски. Дресот со број 4 ќе биде во клубските простории и нема веќе да биде употребен на офицјален натпревар на ФК Тетекс.

,,Голема чест за нашето семејство Блажевски. Нека биде поттик за сите спортски работници, за младите и децата, дека се што ќе постигнат во спортот некој ќе им го памти тоа. Дека се возвраќа доброто за добро и дека целта ќе им биде исполнета до крај.  Во 70-тите години имаше и проштален натпревар во негова чест кога се повлекуваше од активното играње фудбал, после тоа директно и индиректно вклучен во фудбалскиот клуб Тетекс како тренер, спортски работник во управа, редовно беше дел од клубот. Целиот свој живот го посвети на градот Тетово и ФК Тетекс, има многу кажани и неискажани приказни за неговото фудбалско патување, изјави синот Зоран Блажевски, инаку придружуван со внуците на Бошко, Дарио и Бобан“.

Управниот одбор на Тетекс додели благодарници на поеднци, групи, спортски работници и медиуми за поддршката што ја даваат на клубот. Им благодариме во името на Напред Тетекс на укажаната чест и благодарност за благодарницата што го добивме од УО за придонес во развојот на клубот. Секогаш сме тука за нашата гордост и во добро и во лошо, бидејќи обединети во едно сме посилни, се со цел повторно да се врати таму каде му е местото во ПМФЛ.

сподели ја статијата!

февруари 18, 2021