
Утре (сабота) од 14 часот на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт во Тетово e закажан пријателски натпревар против ФК Саса Каменица. Овој пријателски натпревар е од особено значење и важност за двете екипи, бидејќи ќе биде искористен од стратезите и стручните тимови, за проверка на тактичката поставеност на теренот и моменталната кондициона и техничка спремност на поголемиот дел од фудбалерите. Па ова ќе биде своевиден тест за сите нив и шанса за докажување две недели пред почеток на вториот дел од сезоната. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.
сподели ја статијата!