Раковоството на клубот успеа во своите редови да го донесе 25-годишниот Хусеин Демири од FC A&N Призрен, Косово. Имено по договор на двете страни, Демири ќе напаѓа за Тетекс до крајот на сезоната и се очекува да биде главен адут во нападот и да му помогне на Тетекс да ги оствари зацртаните цели напролет. Во неговата кариерата покрај за FC A&N Призрен има настапувано за уште два косовски тимови: KF Dukagjini и KF Ferizaj. Една сезона играл и во Финска за Kemi City FC. Во домашното првенство играше за Шкупи, Македонија Ѓ.П, Работнички и Велазерими.

сподели ја статијата!

февруари 11, 2021