Одличен пријателски меч одиграа Тетекс и косовскиот Кек. Пресврти, шест голови и на крај реми со резултат 3-3. Навистина имаше што да се види денеска на овој тест натпревар во Охрид. Кек поведе со голот на Егзон Шабани, потоа Флорим Бербатовци зголеми на 2-0 за финиш на првиот дел. Во вториот дел косоварите со уште  еден гол на Бербатовци имаа висока предност од 3-0. Никој не очекуваше дека нашиот ростер ќе се врати резултатски, за 1-3 намали новото име во Тетекс, Сашо Шопоски кој вчера го имаше првиот тренинг и денес веќе доби шанса за деби настап и веднаш го круниса со гол. Вториот односно за 2-3 стрелаше младиот талент на Тетекс, Бојан Михајловски за на крај за конечните 3-3 се запише во листата на стрелци капитенот Блашко Николовски. Мора да ги пофалиме нашите фудбалери дека за овој краток период од недела ипол напорни подготовки од кој по два пати на ден тренинг и редовни контролни натпревари покажаа мудрост и дека може да се сносат со овие предизвици. Тренерот Славчо Георгиевски – Тупан им даде шанса на повеќето свои фудбалери на овој натпревар, се со цел да се види нивната моментална форма.

Почетен состав на Тетекс

12
Тимевски
23
Стојановски
3
Ангеловски
5
Јордановски
17
Пановски
24
Митревски
18
Ајдини
4
М. Јованоски
10
Салији
7
Иванов
11
Дервиши

Следниот пријателски натпревар е закажан за 05.02 (петок) со прилепска Победа.

сподели ја статијата!

февруари 3, 2021