Фудбалерите на Тетекс, неделава, ќе ги продолжат контролните натпревари во зимскиот подготвителен период. „Текстилците“,  утре (среда) во 10 часот силите ќе ги одмерат со Кек од Косово на стадионот ,,Билјанини Извори“ во Охрид. Тест средбата со косоварите за нашите фудбалери ќе биде трета во досегашните подготовки в Охрид. Во првиот контролен натпревар, Тетекс со 3-1 загуби од српка Јагодина потоа два дена следеше и дуелот со Струга ТЛ и одново пораз од 3-1. На спротивната страна, косовските „зелено-бели“ до сега одиграа два натпревари на кои еднаш беа поразени и еднаш ремизираа. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

сподели ја статијата!

февруари 2, 2021