Фудбалерите на Тетекс го претрпеа и третиот пораз по ред во овој подготвителен дел или месец дена пред почеток на вториот дел откако денеска загубија со 3-1 од српскиот клуб Јагодина. Единствениот погодок на натпреварот за Тетекс го постигна новото зимско засилување Ринор Ајдини на самиот старт од второто полувреме. Тетекс имаше неколку шанси во првиот дел и една стопостотна шанса на Димитар Иванов кој се најде со противничкиот голман очи во очи, но не успеа да ја смести топката во гол. Во вториот дел, шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски – Тупан им даде можност на сите останти фудбалери да ја покажат нивната игра, но за жал составот подклекна и прими три гола за нов пораз или вкупо трети на контото на Тетекс. 

Почетен состав на Тетекс

Митев
Дервиши
Здравкоски
Јордановски
Б. Пановски
Митревски
Ајдини
М. Јованоски
А. Пановски
Иванов
Салији

Следниот меч е веќе договорен за в среда со тимот на Кек од Косово.

сподели ја статијата!

јануари 30, 2021