Тимот на ФК Тетекс ја заокружува првата фаза од подготовките која ја одработи во Тетово. Од утре експедицијата заминува на охридското крајбрежје каде ќе продолжи со напорна работа и одигрување на пријателски натпревари. Тетексовата експедиција останува во Охрид 10-тина дена односно до 7-ми фебруари, за кога е предвидено враќањето во Тетово. Следниот контролен за составот на Славчо Георгиевски – Тупан ќе биде дуелот против српскиот второлигаш Јагодина в сабота (30.01) на стадионот СРЦ ,,Билјанини Извори“ во Охрид. Дополнително договорени пријателски натпревари:

03.02 (среда) Тетекс – Кек од Косово

04.02 (четврток) Тетекс – Караорман

сподели ја статијата!

јануари 28, 2021