
Фудбалскиот клуб Јагодина од Србија е првиот противник на Тетекс на подготовките во Охрид за вториот дел од сезоната 2020/21. Натпреварот ќе се игра на 30-ти јануари односно в сабота со почеток во 10 часот, на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид.„Текстилците“ се очекува да играат во комбиниран состав и сите фудбалери да ја поделат минутажата, бидејќи се уште е рано да се форсира и брка некаков резултат. Составот на Јагодина недела дена е веќе во Охрид и дуелот со нас ќе биде петти во краток временски период. Српскиот клуб играше со Дрита 2-2 (нерешено), Ренова 2-1 (пораз), ГФК Охрид 2-0 (пораз) и Пелистер 2-2 (нерешено). Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.
сподели ја статијата!