
Екипата на Тетекс е поразена на гостувањето во вториот пријателски натпревар од прволигашот ФК Борец од Велес со резултат 2-0. Борец можеше уште во 23-тата минута да го отвори резултатот кога при акција подклена нашата одбрана и играчот на противникот се најде очи во очи со нашиот голман Бојан Тимевски кој одбрани пантерски чист гол. По завршувањето на првото полувреме Текстилците веќе беа во негатива од 1-0 со голот на порашениот фудбалер на Тетекс Стојан Стојчевски. Во првиот дел мораме да признаеме дека домашната екипа доминираше, а од друга страна пак нашиот тим ја чекаше својата прилика за гол. Со измените на тимот во вториот дел Тетекс се подобри создавајќи акции и шанси за гол, но за жал реализацијата не вроди со плод за во 73-тата минута Борец да го зголеми резултатот на 2-0 со што беше поставен крајниот резултат. Да напоменеме дека во 75-тата минута останавме со фудбалер помалце, бидејќи по еден неспортски и непотребен старт поцрвене Енис Дервиши. Тренерот Славчо Георгиевски – Тупан и на овој тест – натпревар ја подели минутажата подеднакво на сите фудбалери.
Почетен состав на Тетекс
Уште играа: Митев, Ислами, Ибраими, Здравкоски, Јордановски, Христовски, Алексов, Митревски, Чилафи, Ајдини, Михајловски.
Експедицијата на Тетекс на 29-ти јануари патува на подготовки во Охрид каде ќе продолжи со пријателските натпревари. Следен тест ќе биде дуелот со второлигашот од Србија Јагодина на 1-ви фебруари.
сподели ја статијата!