
Нашата гордост Тетекс утре на Градскиот стадион во Велес со почеток во 14 часот ќе ги одмери силите со прволигашот Борец. Ова е вкупно втора во низа контролни натпревари за Тетекс, првиот го загубивмо против Работнички со резултат 2-0, од таборот на стручниот тим велаат дека резултатот оди во втор план. Сеуште е рано и Тетекс е во фаза на воигрување на тимот и темпирање на формата но и вистински испит за Шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски – Тупан со кој тим ќе настапи во пролетниот дел од првенството. Да напоменеме дека во Борец актуелно под договор се тројца некогашни фудбалери на Тетекс: Дејан Силјановски, Стојан Стојчевски и Милан Чичевски. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.
сподели ја статијата!