
По повод утрешниот пријателски натпревар помеѓу тимовите на Борец и Тетекс за нашата веб страница даде изјава бившиот голман на нашиот клуб, Дејан Силјановски.
Во продолжение можете да ја прочитате неговата изјавата…
,,Прекрасно е чувството, ми се враќаат спомените на спортските терени во моето родно Тетово. Напливот и жарот на бодрење на навивачката група Војводи го чуствувам и денес по толку години. Се секавам на убавите прволигашки моменти и освоениот куп на Македонија. За утрешниот натпревар не би сакал да прогнозирам бидејќи е пријателски натпревар и ке се даде можност на повеќе фудбалери кои ќе се борат за прва постава. На Тетекс му посакувам да си ги оствари своите цели во оваа полу сезона и секако еден ден во Прва лига каде и му е местото на овој клуб со традиција и најдобри фанови”.
сподели ја статијата!