
Денеска на игралиштето на Алумина во Скопје, во првиот натпревар во новата 2021 година, Тетекс беше поразен од Работнички со резултат 2-0. Нашиот тим прикажа 72.минута борбеност и добра партија, но сепак Ѓурѓевиќ му донесе водство на Работнички од 1-0. Истиот фудбалер во 85.минута постигна гол за конечните 2-0. Шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски – Тупан со неговите помошници одлучија да им дадат на сите фудбалери шанса, затоа што ростерот од првиот дел во вториот беше сосема со нови 11-мина.
Почетен состав на Тетекс
Уште играа: Тимевски, Ислами, Стојановски, Здравкоски, Ангеловски, Јовановски, Алексов, Митревски, Иванов, Ајдини, А. Пановски.
Ова е прв пријателски натпревар на Тетекс ова зима по само една недела тренинзи на физички план што значи тактичко – техничкиот дел од тренинзите и воигрувањето на тимот допрва треба да вроди со плод. Слениот тест на формата ќе биде в среда против прволигашот Борец, со почеток во 12 часот.
сподели ја статијата!