Прволигашот ФК Работнички е првиот противник на Тетекс на пријателските натпревари од подготовките за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ – Запад. Како што најавивме пред неколку дена, натпреварот ќе се игра на 23.01 (утре) со почеток во 14 часот, на стадионот „Алумина” во Скопје. После интензивните припреми на нешто повеќе од еден месец пред почеток, започнуваат пријателските средби со цел тимот да се подготви освен физички и на тактичко – технички план, да се темпира формата и да се воигра тимот во пресрет на првенството кое следи. Натпреварот ќе биде вистински испит за фудбалерите на Тетекс. Шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски – Тупан во текот на натпреварот ќе им даде шанса на сите фудбалери за докажување на квалитетите и борба за место во стартниот состав за вторниот дел од сезоната. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

сподели ја статијата!