ФК Тетекс донесе големо засилување во своите редови и потпиша со Александар Пановски. 32-годишниот искусен фудбалер кој настапува како крило доаѓа од редовите на Слога 1934 и се очекува да биде главен адут во нападот на Тетекс во пролетниот дел од сезоната во тимот воден од тренерот Славчо Георгиевски – Тупан. Офанзивецот зад себе има настапувано и во Кит-Го, Борец и Силекс, а во Првата македонска фудбалска лига има преку 100 настапи. Со тимот на Силекс има настапувано и во Лига Европа. Добиваме навистина квалитетно засилување кој искрено се надеваме ќе ни помогне да стигнеме до нашите цели.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ФК ТЕТЕКС – АЛЕКСАНДАР ПАНОВСКИ !!!

сподели ја статијата!

јануари 11, 2021