ФК Тетекс и официјално ги претстави своите две нови засилување, први во зимскиот трансфер период. Тимот во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен за услугите на Божидар Митревски и Ринор Ајдини. 
Малку подетално за новите фудбалери на Тетекс, 19-годишниот Митревски кој дојде од прволигашот Силекс игра на дефанзивната позиција и може да игра како задни везни, тој е стандарен репрезентативец на Македонија до 19 и воедно капитен. 
Додека 20-годишниот Ајдини во есенскиот дел од сезоната го носеше дресот ФК Кадино, претходно беше под договор со второлигашот од Хрватска, NK Hrvatski Dragovoljac. 
Според најавите, раководството веќе преговара и со неколку фудбалери кои би го подигнале нивото на тимот предводен од Славчо Георгиевски – Тупан.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ФК ТЕТЕКС!!!

сподели ја статијата!

декември 29, 2020