Фудбалерите на Тетекс ќе имаат шанса да работат повеќе на тренинзите за време на репрезентативната пауза, а ќе одиграат и пријателски натпревар за да ја темпираат формата, бидејќи во тимот има доста новајлии каде треба време за воигрување. Веќе е закажан еден, а тоа е дуелот меѓу Тетекс и прволигашот Работнички. 
Пријателскиот натпревар помеѓу двата тима е закажан на петти септември (сабота) на стадионот ,,Борис Трајковски” во Маџари со почеток од 17:00 часот.

сподели ја статијата!

септември 2, 2020