Нашиот клуб успеа да доведе големи ,,таленти” во своите редови, станува збор за 20-годишниот десен бек Борјан Пановски и 21-годишниот задни везни Христијан Вецески кој ќе бидат во нашиот клуб на шест месечна позајмница од ФК Работнички. Пановски веќе од петок се приклучи на тимот и го одработи официјално првиот тренинг од друга страна Вецески го одработи денеска својот прв тренинг за Тетекс. После заминувањето на Енис Дервиши нашиот тим имаше големи проблеми на десната бековска линија за конечно да пронајде вистинско решение со Пановски. Младиот фудбалер веќе има настап во сениорска конкуренција на ,,дебармалци” каде што има настапено во ПМФЛ на еден натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П каде одигра едно полувреме, воедно е и актуелен репрезентативец на селекцијата до 19 години на Македонија. Од друга страна пак Вецески кој годинава дојде од редовите на Победа Прилеп во ФК Работнички. Со Победа има настапувано во Прва МФЛ, а претходно живеел и играл во Америка за Chicago Sockers FC U19.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ТЕТЕКС !!!

сподели ја статијата!

септември 2, 2020