Во рамките од второто коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад, утре од 16:30 на Градскиот стадион во Тетово ни гостува ФК Гостивар. 
Нашиот тим го очекува овој утрешен натпревар после поразот на домашен терен од Кораб (0-2). 
Во второлигашката конкуренција од 2015 година, овие два тима имаат одиграно дури десет натпревари. Тетекс има четири победи Гостивар еден повеќе, а еден меч заврши нерешено. 
„Плаво-белите“ постигнаа десет гола како и противникот. Последен пат овие два тима играа во 2019 година поточно месец Април пред крајот на сезоната кога на домашен терен изигравме нерешено (1-1). Интересно е тоа што фудбалскиот тим Гостивар со квалитетни и искусни фудбалери се засили и ќе атакува кон Првата МФЛ, од друга страна нашиот Тетекс со скромни амбиции пред се избор за опстанок и доколку се пружи можност зошто да не и за подобар ранг. Во тимот на гостиварци се наоѓаат неколку поранешни фудбалери на нашиот клуб: Ферат Рамани, Марко Јовановски, Енис Дервиши, Трајче Стојковски и Иван Настевски. После поразот во првенството на домашен терен од Кораб, овој натпревар ќе биде од големо значење за нашиот клуб бидејќи со позитивен резултат ќе се врати самодовербата во тимот на највисоко ниво. Во тимот владее одлична атмосфера и најавуваат дека утре ќе го “вложат” својот максимум, така што очекуваме вистинска борба на терен и достојно бранење на клубските бои како и на секој натпревар.

Овој натпревар ќе можат сите да го следат воживо на платформата на Фудбалската федерација на Македонија односно на https://tv.ffm.mk.

За овој натревар одредени се официјални лица, при што главен судија ќе биде Марјан Стојановски, а ќе му помагаат сограѓаните Мартин & Дејан Дејаноски и Осман Зеќири од Кичево. За делегат на натпреварот е одреден Павле Игнатов од Пробиштип, а контролор на судењето ќе биде Зоран Темелков од Кавадарци. Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

ВАЖНО: Според прописите на ФФМ натпреварот ќе се одигра без пристуство на публика поради пандемијата од Covid-19 во Република Македонија!

сподели ја статијата!

август 28, 2020