23-годишниот Мирко Симјановски од денеска е нов член на ФК Тетекс. 
Симјановски уште вчера се приклучи на тимот и ќе биде засилување за тимот во тековнава сезона. Се работи за квалитетно засилување кој во минатото го носеше дресот на ФК Пелистер од каде и пристигна во нашиот клуб. Има променето неколку клубови во Македонија од кои Вардар Скопје, Вардар Неготино, Тиквеш, Академија Пандев, Силекс и Младост ЦД. Неговата природна позиција е нападот, може да игра како крило и шпиц, но во минатото покажа дека се наоѓа по потреба и во одбраната на бековската позиција, најпрецизно кажано дете за се!

МИРКО, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС !!!

сподели ја статијата!

август 26, 2020