,,Новиот“ ФК Тетекс со пораз ја стартуваше новата сезона 2020/2021 од Втора МФЛ – Запад. Вчера по 5 години пост на Градскиот стадион во Тетово, Текстилците при крај на првото полувреме во 45 минута примија гол по одбранбена грешка, а погодокот за гостите го постигна Ујкан Муца кој осамен пред голот на Бојан Тимевски погоди за водство. 
Нашиот тим во вториот дел во 60 минута по долга нафрлена топка во шеснаесетникот на дебарци со глава биеше младиот стопер Марко Стојчески но наместо во гол топката заврши во стативата. Потоа во 70 минута Тетекс имаше прилика да го израмни резултатот на 1-1 од пенал на новиот ,,текстилец” Љавдрим Скендери и пак топката заврши во стативата за при крај Тетекс да биде казнет кога при крај на натпреварот во 85 минута го зголеми Кораб за конечни 0-2 со голот на брзоногиот Филип Алексовски кој речиси ја прошета целата наша одбрана. Се гледаше дека на фудбалерите на Тетекс им недостасуваат квалитетни подготовки. Доцниот старт го стори своето, иако Текстилците имаа неколку закани по голот на гостите, но мора да се признае дека и тимот од Дебар имаше шанси и некој пропуштени зицери, но за пофалба беше и нашиот млад перспективен голман Тимевски кој бранеше феноменално, а може и слободно да се каже дека беше нашиот најдобар играч на терен. 


Тетекс го стартуваше нат. со следниот состав:

12
Тимевски
22
И. Чилафи
5
Стојчески
4
М. Јованоски
14
Здравкоски
20
Ристовски
8
Билбилоски
10
Салији
11
Скендери
7
Јовановски
19
Димовски

За на крај на овој нов ростер треба да му се даде шанса и време да го покаже својот квалитет!

сподели ја статијата!

август 24, 2020