По повеќе месеци или поточно пола година без фудбал поради пандемијата од Covid-19 кој го зафати целиот свет и Македонија, утре на 23-ти август, се означува стартот на новата натпреварувачката сезона 2020/21 од Втората македонска фудбалска лига – Запад. Да ги информираме сите љубители и симпатизери кој не са упатени за ситуацијата дека пред месец дена Тетекс направи фузија со клубот на Лабуништа и со оглед на тоа нашиот клуб привремено во Фудбалската федерација на Македонија ќе се води под името Лабуништа 2011 – Тетово, а веднаш на зима ќе си го врати името, најверојатно со придавка во Тетекс 1953. Реалноста е таа битно Тетекс ни се врати еден ранг повисоко, може најголемата радост е таа дека конечно после 5 пеколни години за секој тетовчанец македонец симпатизер и навивач Тетекс се враќа во својот храм на Градскиот стадион во Тетово. Но поради пандемијата во земјата нашата желба за враќање на трибините ќе потрае дури нема зелено светло од власите. Блага вест е дека тој натпревар ќе можете да го проследите во живо на платформата од Фудбалската федерација на Македонија. 
На стартот, во првото коло, Тетекс утре на Градскиот стадион од 17 часот ќе отвори против ФК Кораб. 
Нашата гордост Тетекс оваа сезона влегува во речиси нов состав. Покрај тука стандардните Билбилоски (C), Здравкоски и повратниците Салији, Мирослав и Филип Јовано(в)ски, многу се очекува и од “новајлите”.

Во овој преоден рок Текстилците се засилија со 12-тина нови фудбалери: 
Борјан Панчевски (Динамо Врање,Србија). Бојан Тимевски, Иљаз Чилафи, Мирослав Јованоски, Кристијан Ристовски и Љавдрим Скендери сите од ФК Гостивар. Меритон Салији (Ренова), Кристијан Јовановски (Велазерими), Никола Димовски (Осогово). Марко Стојчески, Руфат Чилафи и Сенад Ислами сите од Македонија Ѓ.П.

Оваа сезона ќе биде шанса Тетекс да докаже дека спојот на искусни и докажани како и млади и талентирани фудбалери ќе биде рецептот за остварување на целта која што екипата си ја зададе пред почетокот на сезоната, а тоа е освојување на некое од местата на средина на табелата и стабилизација на клубот во ВМФЛ – Запад. Да се надеваме дека оваа сезона ќе ја започнеме со победа за самодоверба на фудбалерите. Да им посакаме на сите наши фудбалери кој ќе бидат на располање за утрешниот натпревар среќа и успешен настап!

ВАЖНО: Според прописите на ФФМ натпреварот ќе се одигра без пристуство на публика поради пандемијата од Covid-19 во Република Македонија!

сподели ја статијата!

август 22, 2020