По цели пет години нашата гордост ФК Тетекс повторно ќе биде домаќин на Градскиот стадион во Тетово.
Последен пат Тетекс како домаќин на Градскиот стадион играше на 01.03.2015 година во првото пролетно коло од Прва МФЛ и тоа против лутиот ривал – Шкендија, потоа во 2018-та година еден натпревар од куп финалето на ОФС Тетово против Љуботен за конечно во 2020 година да се врати конечно за првенството.
Една добра вест но другата не е така добра бидејќи поради пандемијата од коронавирусот во светот така и во Македонија ќе бидеме спречени и одалечени според ФФМ до првиот дел од новата сезона за влез на стадионите кој ќе се играат без публика.
Затоа можеби сите љубители на фудбалот во Тетовско и најголемиот дел на Војводите највеќе ќе го мачи тој факт баш кога Тетекс се враќа во својот храм повторно да не биде во можност да го гледа, туку да се чекаат преноси од ФФМ!

Тетекс во недела на 23.08.2020 од 17:00 часот во првото коло ќе го пречека тимот на ФК Кораб.

сподели ја статијата!

август 20, 2020