Нашата гордост Тетекс утре на стадионот во Јегуновце со почеток во 17 часот и 30 минути ќе ги одмери силите со прилепска Победа. 
Ова е вкупно трети по ред пријателски натпревар на нашиот Тетекс, иако резултатски гледано пријателските натпревари не се од големо значење, сепак тимот е во добра фаза на воигрување и на темпирање на формата но и вистински испит за шефот на стручниот штаб Ивица Јованоски – Ике со кој тим ќе настапи во есенскиот дел од првенството кое следува и стартува на 22.08.2020, каде на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на ФК Кораб.

сподели ја статијата!