
Еден од најперспективните млади фудбалери на фудбалската школа на ФК Тетекс, 15-годишниот Никола Сарески, дебитираше во сениорскиот состав на Тетекс на вчерашниот контролен натпревар против ФК Кадино кој го добивме со 3-1 на гостински натпревар. Кољо мина нешто помалку од 25 минути на теренот. Природната позиција муе е средниот ред и може да игра по потреба како полу-шпиц.
Во секој случај ова дете чудо е вистинска иднина за нашиот ФК Тетекс!
БРАВО ДЕТЕ, ТИ СИ НАША ИДНИНА !!!
сподели ја статијата!