Како што најавивме пред недела дена така и испадна, Марко Стојчески е нов фудбалер на ФК Тетекс, се работи за дете на ФК Вардар кој за месец дена ќе наполни 20 години и во сезоната 2017/18 како позајмен фудбалер настапувал за вториот тим на Академија Пандев, после година-ипол се врати во неговиот матичен клуб Вардар каде во сезоната 2018/19 ја имал честа да биде повикан во првиот тим на ФК Вардар под палката на нашиот тетовчанец Александар Васоски. Во 2019 година од Вардар се префрли во Македонија Ѓ.П од каде што сега доаѓа во нашиот тим. 
Тој веќе го облече дресот на Тетекс на два пријателски натпревари со Вардари и денеска против Кадино. 

МАРКО, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС !!!

сподели ја статијата!

август 12, 2020