ФК Тетекс се враќа на голема врата во ВМФЛ – Запад. Екипата веќе почна со подготовски за новата сезона 2020/21, а донесени се дури седум засилувања. Станува збор за Меритон Салији од Ренова кој игра на позицијата дефанзивна средина и всушност се враќа во Тетекс по една година, второто засилување e Мирослав Јованоски од Гостивар кој е повратник. Тој како роден тетовец кариерата ја почна во Тетекс каде последен пат играше во сезоната 2017/18. На голманската позиција во тимот ни се враќа Борјан Панчевски од Динамо Врање – Србија, и Бојан Тимевски од фудбалскиот клуб Вардар. Следниве тројца новајли се од ФК Гостивар, брзоногиот крилен напаѓач Љавдрим Скендери кој претходно играше за прволигашот Ренова треба да биде квалитетно засилување, Иљаз Чилафи кој ја мина фудбалската школа на Шкендија и беше една сезона на позајмница во ФК Струга и Кристијан Ристовски кој игра на позиција среден ред.

На сите фудбалери им посакуваме топло добредојде во ФК Тетекс и успешна сезона!

сподели ја статијата!