Започнува пролетниот дел, утре со ФК Гостивар

Пред нас е почетокот на пролетниот дел од ВМФЛ – Запад. Оваа година многу повозбудлива и понеизвесна е Втората од Првата лига. Првата лига речиси се е познато, но во Втората лига повеќе од 3-4 екипи од вкупно 10 се со амбиции и реални шанси да влезат во Првата лига. Моментално сме на последното место на табелата со 9 бода. Како што веќе рековме ова ќе биде можеби најинтересната и најнеизвесната сезона. Секој натпревар и секој бод ќе бидат важни за нашиот Тетекс во борбата за опстанок.
Тетекс има доста квалитетни засилувања во овој зимски преоден рок, и со задоволство можеме да ви ги преставиме новите засилување кој се надеваме дека ќе ги бранат боите и гордоста на клубот како и останатите фудбалери најдобро што можат.
Дојдоа:
Филип Петковски, Берк Хоџин, Димитар Трајковски, Леон Најдовски, Стефан Лазаревиќ, Блашко Николовски, Марјан Билбилоски, Дејан Маркоски, Валон Зеќири и Дарио Десниќ
Филип Петковски има позиција на центарфор, има настапувано во неколку македонски тимови како Вардар, Работнички, ФК Скопје, Академија Пандев, Ренова, Шкупи, Хоризонт Турново, Тиквеш и Тетекс, а од интернацонално искуство со репрезентацијата на Македонија до 19 и 21 година.
На голманската позиција Берк Хоџин кој дојде на позајмница од ФК Работнички но за жал се повреди на припремите и неизвесно е дали ќе брани до крајот на сезоната.
Одбраната ни се засилува со фудбалерот на ФК Работнички, Леон Најдовски кој игра како централен бек и младинецот Димитар Трајковски од ФК Македонија Ѓ.П.
Повратници во нашиот клуб се препознатливите Блашко Николовски и Марјан Билбилоски.
Дејан Маркоски го зазема местото офанзивен играч за врска, тој ни доаѓа на позајмница од ФК Вардар.
Потоа следни на листата се крилните напаѓачи Валон Зеќири од ФК Гостивар и Дарио Десниќ од ФК Силекс, и последното засилување е Стефан Лазаревиќ кој ни доаѓа од екипата на ФК Гостивар, и игра на местото заден везен, а некогаш и по потреба како лев бек.
Тетекс нема да може да смета на неколку играчи што оваа есен го носеја дресот на Тетекс и официјално се заминати од клубот, а тоа се чуварот на мрежата Ферат Рамани кој премина во редовите на ФК Гостивар исто како напаѓачот Башким Љама на којму истече позајмницата, Милан Чичевски во ФК Борец, Стефан Коцев се врати во Локомотива а Кенан Ватиќ во германскиот нисколигаш Тус Реинболен, Игор Савевски – Каспер кој ги закачи копачките и се пензионира од фудбалот и ќе игра рекреативно за ФК Љуботен, Божидар Ангеловски кој ќе ги носи боите на ФК Локомотива, Иво Јанакиевски потпиша двегодишен договор со прволигашот Силекс и Филип Јовановски го засили нападот на ФК Скопје.
На истите воедно им се заблагодаруваме и им посакуваме се најдобро во понатамошната фудбалска кариера.
Утре нашиот омилен фудбалски клуб Тетекс од 14 часот на фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово го започнува дуелот од 15-тото коло против екипата на ФК Гостивар.
Слободно може да се каже дека ова ќе биде дерби на колото, кое што сигурно ќе биде неизвесно. Со сите сили кој ќе бидат на располагање на шефот Јовица Кнежевиќ ќе одиме на трите бода и уште на стартот да бидат потврдени амбициите и единствената цел, избор опстанок во лигата.

ЗАТОА ПОВИК ДО СИТЕ СИМПАТИЗЕРИ И ВОЈВОДИ НА ФК ТЕТЕКС УТРЕ-САБОТА ВО 14 ЧАСОТ СИТЕ НА ИГРАЛИШТЕТО НА АМС ДА ДАДЕМЕ МАСОВНА ПОДДРШКА НА НАШИОТ КЛУБ, ПОДДРШКА ЗА ПОБЕДА И ПОДДРШКА ЗА СПАС И ОСТАНУВАЊЕ ВО ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД.