Тетекс ги финализира подготовките во Охрид, денес се враќа во Тетово

ФК Тетекс ги заокружи мини подготовките од недела дена во Охрид и денес се враќа за Тетово, каде ќе ги финализира припремите пред почетокот на вториот дел од ВМФЛ – Запад. Експедицијата на „текстилците“ попладнево се враќа на домашно тло, а утрово од 11 часот го одигра последниот контролен натпревар против ФК Струга кој го загубивме 2-1. Од вкупно три теста, текстилци победија со ФК Караорман 2-1, а загубија на два контролни меча против ФК Пелистер 4-1 и ФК Струга 2-1.