Тетекс го ангажираше Стефан Лазаревиќ

Екипата на Тетекс ангажираше нов фудбалер од средниот ред, а се работи за 22-годишниот Стефан Лазаревиќ кој досега смени три тимови и настапуваше во екипите на Македонија Ѓ.П од каде што започна неговата фудбалска кариера, ФК Скопје и последен клуб ФК Гостивар. Лазаревиќ треба да ја подобри конкуренцијата во средниот ред и со своето искуство да помогне на Тетекс во борбата за опстанок во ВМФЛ – Запад кое продолжува за 17 дена.
На Лазаревиќ му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС – ЛАЗАРЕВИЌ СТЕФАН !!!