Текстилците заминаа на подготовки во Охрид

Утринава тетексовите фудбалери и стручниот штаб заминаа на подготовки во Охрид. Хотелот „Маива“ ќе биде „базата“ на ФК Тетекс. Тетексовата експедиција останува во Охрид до 24. февруари, за кога е предвидено враќањето во Тетово. Таму ќе бидат одиграни неколку контролни натпревари, од кои две се веќе закажани.
Денеска, првиот „тест“ за Тетекс ќе биде тимот на ФК Пелистер од Битола, подоцна на 24. фебруари нашиот тим ќе ги одмери силите со ФК Струга.
Во меѓувреме доколку бидат договорени нови пријателски натпревари, дополнително ќе бидат објавени на нашата веб страница.