„Кенгурот“ Трајковски нов фудбалер на ФК Тетекс

Момчето родено во Австралија кое има македонско потекло Димитар Трајковски доаѓа од ФК Македонија Ѓ.П и ќе го носи дресот на ФК Тетекс до крајот на актуелната сезона. Станува збор за фудбалер роден на 9.август 1999 година, игра на бековската страна. Мора да напоменеме дека на 17 години има дебитирано за првиот тим на Македонија Ѓ.П во прволигашкото првенство.

Претходно, Тетекс се засили со Филип Петковски потоа Леон Најдовски и голманот Берк Хоџин сите од ФК Работнички, повратниците Марјан Билбилоски и Блашко Николовски, Дејан Маркоски од ФК Македонија Ѓ.П, Дарио Десниќ од ФК Силекс и Валон Зеќири од ФК Гостивар.