Маркоски на позајмница од Вардар во Тетекс

Дејан Маркоски наскоро ќе го облече „плаво-белиот“ дрес на ФК Тетекс. 19-годишниот фудбалер на ФК Вардар игра во средниот ред поточно како офанзивен везни, тој се договори со раководството на нашиот клуб за соработка до крај на сезоната. Маркоски е четвртото засилување на Тетекс во зимскиот преоден рок, како што најавивме тој ни доаѓа на позајмница од ФК Вардар. Во неговата кариера има настапувано и за Металург, Цементарница и последниот клуб Македонија Ѓ.П.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ФК ТЕТЕКС – МАРКОСКИ ДЕЈАН !!!