Тетекс утре ги започнува зимските подготовки

Фудбласкиот клуб Тетекс утре стартува со зимските подготовки за продолжението од првенството во ВМФЛ – Запад. Јовица Кнежевиќ во 12 часот на стариот стадион ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите, а потоа најверојатно ќе биде одржан и првиот тренинг. Според веќе утврдениот план, првата фаза од подготовките ќе се реалзира во Тетово, а главниот сегмент од подготовките сé уште не се познати, а од друга страна пак како опција е Охрид. Нашата гордост Тетекс ќе одигра и неколку пријателски натпревари, имињата на протицниците наскоро ќе бидат познати.
Како што неофицијално дознаваме, повратници во клубот се Марјан Билбилоски и Блашко Николовски.
Засега официјално, во клубот пристигнаа Филип Петковски и Леон Најдовски од ФК Работнички, Дарио Десниќ од ФК Силекс.
Да напоменеме дека утре ќе се приклучат уште двајца млади талентирани фудбалери кој сé уште ќе ги оставиме во сенка до утрешниот ден.
Раководството е во преговори со уште неколку засилувања кои треба да пристигнат во Тетекс во овој зимски преоден рок.
За следните чекори околу клубот ќе бидете благовремено известени на нашиот веб сајт.