Тетекс продолжува да се засилува, Најдовски нов ,,текстилец”

ФК Тетекс продолжи да се засилува за претстојниот втор дел од сезоната и во своите редови донесе ново име – централниот дефанзивец Леон Најдовски.
Се работи за 24-годишен бивши репрезентативец на Македонија до 21 година кој доаѓа од редовите на ФК Работнички со кој има настапувано и во Лига Европа.
Во својата фудбалска кариера има настапувано и за Македонија Ѓ.П.
Инаку, тој е третото засилување по Филип Петковски и Дарио Десниќ, а најавени се уште неколку прволигашки фудбалери со кој се преговара.