Дарио Десниќ ново име во ФК Тетекс

Нашата гордост Тетекс продолжи да се засилува и да формира состав за вториот дел од сезоната и во своите редови го донесе Дарио Десниќ кој во текот на оваа сезона ја мина во прволигашот ФК Силекс од Кратово. Десниќ, кој има 24 години и игра на повеќе позиции во нападот, ланската сезона одигра 32 натпревари за ФК Скопје, во кои даде два гола и додаде уште две асистенции. Во секој случај Тетекс доби огромно засилување во нападот, ако земеме во предвид дека Тетекс во првиот дел постигна само 9 гола. Во својата кариера има настапувано за Цементарница, Маџари Солидарност, Шкупи, ФК Скопје и последниот клуб Силекс.

Тетекс нема да го затвори зимскиот преоден рок со овој трансфер, туку во наредниот период ќе носи уште засилувања бидејќи преговара со уште некој прволигашки фудбалери.
Претходно, во тимот пристигна напаѓачот Филип Петковски од ФК Работнички.