Големо засилување за Тетекс: Петковски повторно ,,текстилец”

Екипата на ФК Тетекс донесе големо прво зимско засилување во своите редови и потпиша со Петковски кој повторно ќе го облече дресот на нашата гордост, откако пред само шест месеци потпиша договор со ФК Работнички, но на крајот реши спогодбено да ја прекине соработката со ,,романтичарите”.
28-годишниот центарфор се очекува да биде главен адут во нападот на Тетекс во пролетниот дел од сезоната во борбата за опстанок во ВМФЛ – Запад.
Петковски во кариерата покрај за Работнички настапуваше и за Тиквеш, Хоризонт Турново, Ренова, Шкупи, Академија Пандев како и за Вардар и по трети пат за Тетекс со кого настапи во квалификациите за Лига Европа и го освои купот на Македонија. Добиваме навистина квалитетно засилување кој искрено се надеваме ќе ни помогне да стигнеме до нашата зацртна цел.
Воедно се преговара со уште неколку прволигашки имиња кој наскоро ќе бидат објавени на нашата веб страница.

Тетекс зимава го напуштија Стефан Коцев и Кенан Ватиќ.